Доколку навистина е за информираност, ДОСТА Е!!

Доколку е навистина за информираност навистина доста е од се!

И новинаите и експертите,јавноста но и надлежните ја претераа со темата двојно убиство а особено во делот на приватноста од семејството на малолетничката!

Се нема сенс за семејството, се нема сенс за помалата сестра на девојчето и нејзината мајка а и останати блиски. Имате ли осет и смисол за тоа како се осеќаат тие во овие и за нас тешки моменти а не па за нив?
Доста со “експертските” толкувања па и вештачења на случајот бидејќи небулозите што ги кажувате се толку бесмислени што не знам како не ве боли сопствената глупавост!

Зошто немало поддршка на протестот!? Па на каков протест да се дае поддршка и за што?
Има осомничени и обвинети, сите се обезбедени! За што треба да се протестира? За политички поени и јавно внимание? Зарем не ви е по лесно да се слечете голи и да шетате доколку патите за внимание па мора да дотурате сол на раната од блиските на жртвите!?

БРУКИ!

Leave a comment