Предизборни или новогодишни честитки за абдали?

И ете така ден за ден си наближуваат изборите но пустината се погоди и предновогодишниот период па човек да не знае дали сите овие работи кои се случуваат се честитка за нова година или честитка за изборите (предизборен поткуп) ..

Имено, секојдневно гледаме по некој оглас а богами и стотина за вработување во државна администрација или јавен сектор. Властодржците грмнале па се навртиле на државните и јавни претпријатија да ги наполнат со нови свежи некадри вработени но високо квалификувани во партиските редови. Квалификациите се мерат по квадратен метар залепени плакати, напишани статуси и коментари на социјални мрежи во минута, пружени сексуално романтични задоволства на локални моќници во ден и секако највисока понуда во материјални добра по вработување.

Се така тоа е фино скоцкано и преточено во реформски закони за “Европска Иднина На Северна Творевина„.

Народ туп а не смееш да го наречеш глупав бидејќи глупавите ќе ти поднесат колективна тужба за навреда што ги споредуваш со народот кој гласал за “Европска Македонија„ и и покрај тоа што ја доби “Северна Недојдија„ сепак не се свестува па се надева дека еден ден ќе дојде Европа во “Нашата Земја„ која чиниш е безимена па секој “Авторитетен„ политичар ја нарекува како “Нашата„ бидејќи се срами да ја нарече како што ја прекрстил а се плаши да изговори Македонија како што и се викала секогаш! Тоа не е ништо друго освен дијагноза. Дијагноза за психичко пореметување на луѓе без чувство за припадност, без емпатија, без ронка чувство за љубов кон ближните, себеси и татковината, луѓе за кои материјалното е недостижно но благо и само за ветување се спремни и родени но и не родени деца да трампаат, односно да ја трампаат иднината на своите родени и не родени деца за ветување на удобен живот без мака, без пот.

Па која Европа ја чекате да дојде и во која Европа сакате да одиме?

Онаа чиј составен географски дел сме и ние или унијата во која не не сакаат и не не примаат па бараат разно разни причини да не оттурнат од себе?
Зарем мазохистичкото чувство во вас е до толку големо што сакате да се туркате онаму каде ве понижуваат и не ве сакаат!?
Свесни ли сте дека наместо мечтаење за “Благо„ без пот треба да си ги засукате ракавите и да излезете од идеалите дека ЕУ ќе не храни. Со наметнувањето на тактвите идеали оние кои ви ги наметнуваат сосема сигурно работат и влијаат на тоа никогаш да не сме дел од ЕУ затоа што не им одговара да сме дел од ЕУ бидејќи ќе треба да сносат одговорност за стореното!
И како во онаа народната дека најголемиот арамија викал држете го арамијата а со тоа си создавал комфорна зона така и овие најгласни се за ЕУ интеграции а не ни помислуваат да направат нешто за приближување кон ЕУ. Наместо закони за транспарентност и не-корумпираност, против непотизам и партиски привилегии тие во самиот крај на нивното владеење носат закони за олеснување при партиски вработувања та малку им било што си ги вработија цели фамилии па сега ќе вработуваат и швалери, швалерки и нивните семејства. Обичниот граѓанин нека трпи и нека сонува за ЕУ! Нека сонува за инфраструктурните проекти и слично. Та каде се автопатите и автопатските делници, каде се училиштата, универзалната сала, каде се базените (освен реновираниот од Струга) , каде се болниците на чело со Клиничкиот центар? Каде е бесплатното здравство и тоа современо? Каде е европското школство, до душа можеби и е европско ова школство без учебници и без основни услови за школување на децата бидејќи од каде да знаеме ние како е во ЕУ , нели поради Грујо не не примаа иако тоа што Грујо направи овие не се во состојба ни 7 години да го одржат па им се распаѓа се малку по малку.

Да повториме во случај некој да заборавил. Дијагноза е кога еднаш излажан народ повторно и повторно дава поддршка на оние кои го излажале и тука нема компромис. колку и да звучи навредливо мора да се признае дека тоа е така. Не. Не дека претходните не лажеле, не краделе и немале мана. Напротив, баш дека имаа мани и беа казнети од сопствените поддржувачи кои не се однесуваат амебоидно туку знаат да покажат црвен картон на оние за кои претходно се определиле но се почувствувале излажани! Беа казнети за далеку помалку штета што направија на државата. Не направија национални предавства и не опустошија се што е државно.

Секој еден граѓанин треба да е сам свесен и да размисли па да се преиспита дали изминативе 7 години слушнал за било каков голем инфраструктурен проект освен за еден трговски центар во Скопје за кој се тврди дека е приватна сопственост од високи политичари , дали е така времето ќе покаже.

Сетете се што е направено во изминативе 7 години за народот. Дали воопшто нешто крупно е направено или само е украдено. Покачени се цените на се и сешто по 300 пати и повеќе а минималната плата е зголемена за 25% но со таа плата што денеска се зема неможеш ни со сточно брашно да прехраниш семејство а не па со нешто повеќе. Ќе давале помош за ученици од 1500 денари а за да се земе треба да се соберат документи како да се ваѓа дозвола за убивање луѓе!?

И да. ние си имаме про-евраопска влада за про-европскка иднина но не за нашата нација и нашиот народ туку по напредна иднина за сите други околу нас само не за Македонците!

Leave a comment