ШТО СЕ КРИЕ ЗАД УБИСТВАТА НА ПАНЧЕ И ВАЊА!?

Што се крие зад убиството на 74 годишниот Панчо Жежовски и 14 годишната Вања Ѓорчевска?
Јавноста и понатаму останува збунета и во шок поради многуте небулози и нејасни изјави од надлежните но уште повеќе се збунувачки неконтролираните шпекулации кои доаѓаат од самопрогласени експерти и новинари на кои сензационалниот случај им е пред секоја етичка вредност.


Молкот од надлежните и паушалното информирање на јавноста за се што е поврзано со случајот но и честото менување на изјавите од истите дава впечаток дека некој се обидува да ја заобиколи вистината и да ја скрие од јавноста. Овој случај сам по себе е контроверзен од самиот почеток.виот текст со кој се сретна јавноста беше ФБ Статусот од мајката на Вања каде таа известува за исчезнувањето на девојчето и тоа се случува некаде околу 12ч на пладне или цели 5 часа откако Вања тргнала на училиште. Според изјавите од надлежните, Вања за исчезната е пријавена околу 8 сатот и тоа од страна на нејзината мајка која била вознемирена бидејќи телефонски била известена од страна на класниот раководител на Вања дека Вања не се појавила на училиште.

Тука се поставува прашањето зошто мајката веднаш пријавила дека нејзиното дете е исчезнато и дали претходно имала некои сознанија кои воделе до евентуално грабнување на девојчето!?
Втора реакција од мајката беше преку медиумите а и се обрати на јавноста да не шпекулира по однос на исчезнувањето на детето бидејќи Вања била сакано дете и дека со родителите имале убави односи без никакви проблеми, биле функционално семејство а таткото на Вања е прекрасна личност што понатаму се испоставува дека воопшто не било така и дека Вања е дете од разведени родители а таткото од Вања е хроничен алкохоличар, уживател на опијати и коцкар наводно длабоко задолжен.

Во јавноста па за Панче се лиферуваа информации дека должел 500 евра на Палчо (убиецот) но подоцна се испоставува дека пред неколку месеци Палчо и неговата дружина заедно со Панче биле дел од организирана група на диви копачи на злато кај Валандово, Палчо бил фатен и со оружје за кое поседувал дозвола за поседување но не и за носење и поради тоа бил казнет со глоба од 500 евра, глоба за која подоцна го обвинува на Панче и бара од Панче парите да му бидат вратени од Панче. (Нешто што од јавноста е прикриено а е лиферувано на српската Пинк телевизија) Како мотив за убиството на Панче се споменува наводен долг од 500 евра и намера да биде одземено неговото возило за да се изврши киднапирањето на Вања.

Следно што се крие од јавноста е наводната оставнина од дедото од Вања, татко на мајката од Вања. Наводно Дедото од Вања кој е татко на мајката од Вања, познавајќи ги околностите и плашејќи се за иднината на својот имот кој не бил мал а со цел да го заштити истиот го препишал на Вања или голем дел од имотот препишал на Вања, факт кој доколку е така ите како ги менува околностите за можниот мотив за киднапирање, односно убивање на девојчето.

Во овој случај киднапирање на девојчето би било без значајно но убиството на девојчето би го направило нејзиниот татко наследник на идеална половина од се што поседува Вања а што и било наследство од нејзиниот дедо (тврдења искажани на српската тв Пинк).

Уште еден скриен момент по однос на таткото и мајката од Вања е тоа дека не биле воопшто во добри односи и дека во монети на одземена здраворазумност таткото од Вања во пошироки кругови наводно шпекулирал дека се оженил за веќе од друг бремена жена но само поради благосостојбата на таткото од невестата (извор српската Пинк ТВ).

Друго нешто што за јавноста е сомнително е одредувањето мерка притвор за возачот кој на палчо го одвел во Турција а неопределување мерка притвор на возачот кој го изнесол од Македонија. И двајцата тврделе дека не знаеле кого го возат во смисла дека Палчо е сторител на кривично дело и се бара за двојно убиство.

Сите овие недостатоци во официјалните известувања но и многу повеќе известувања водат до разнишана доверба во институциите и разнебитена доверба во системот. Самиот факт дека самата држава го создаде Палчо со неказнување за до сега сторените кривични но и прекршочни дела, со минимизирање на сите негови прекршоци и казнени дела кои ги правел и правеше во имнатото но и потпомагањето од страна на еден медиум е нешто од кое треба да се засрамиме како народ,нација и држава и треба да е црвен аларм за што поскоро ресоцијализирање на сите нас како општество.

Leave a comment