Реакција од кандидатот за градоначалник на Струга од ДПА!

По нашата објава за тоа кои партии ќе си ги мерат силите за градоначалничкото столче стигна и првата реакција која ни доаѓа од Самир Муртезоски кој за себе кажува дека е прв офоцијален кандидат за градоначалник на Струга од партијата ДПА!

Јас сум прв официјален кандидат за градоначалник на општина Струга, се друго е шпекулација!
напиша Самир во приватна порака преку групите на социјалните мрежи каде беше публикувана нашата објава.
Самир истакна дека е сигурен во гласачкото тело од Лабуништа,Подгорци,Октиси,Боровец, Луково па се до радожда каде очекува убедлива победа што ќе го однесе во вториот круг а со тоа ќе им ги помати сметките на ДУИ и АЛИЈАНСА додава тој.

Митинзи нема да прави освен во Лабуништа и нема да бара поддршка од партии, довербата ќе ја бара дирекно од народот.

По седнувањето во градоначалничкото столче три и пол години ќе се посвети само на селата, било да се со 50 жители или 11000 жители, ќе им посвети подеднакво внимание. На градот ќе посвети мал дел од активностите бидеќи според Самир во градот нема простор за инфраструктура, се е до сега изградено и урбанизирано од урбаната мафија.

Самир потенцира дека се кандидира само поради урбаната мафија и криминалот и истакнува дека на овие избори нема да биде лесно бидеќи тој самиот е одлучувачки фактор во гласачкото тело и е единствен фаворит на овие избори.

Самир Муртезоски е роден во Струга а живее во Подгорци, се занимава со приватни бизниси што му овозможува поголема слобода во кампањата.

Планот на ДУИ за подгорци и Лабуништа нема да им успее со мене на листата за градоначалник. Го завршува разговорот.

Leave a comment