Стружани ќе избираат 5 кандидати за градоначалник

На претстојните локални избори стружани ќе имаат можност да изберат еден од петте кандидати за градоначалник на општината.

Високо партиски извори од политичките партии кои егзистираат во општина Струга брифираат дека трката за градоначалник на една од најбогатите општини во државата ќе ја трчаат 5 кандидати.
Со свои кандидати ќе настапат Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Социјал Демократскиот Сојуз на Мекедонија (СДСМ), ВМРО Демократска Партија за Македонско Национално Единство (ВМРО ДПМНЕ) , Алијанса на Албанците (АА) со коалицијата и Левица која за прв пат ќе се проба во трката за градоначалничкото столче со еден од основачите на партијата и член на највисоките тела и органи од партијата Г-ца Јована Мојсоска.
Информациите се уште не се официјални но се речиси 100% точни бидеќи доаѓаат од извори кои до сега точно не информирале.
Струшката политичка сцена длабоко ќе се размрда со самото тоа што македонскиот блок партии иако свесни дека немаат никакви шанси за победа во трката за градоначалничката фотелја, сепак ќе се впуштат во уште една авантура а сето тоа само за да не изгубат дел од гласачкото тело кое би им забележало за тоа што не би извадиле свој кандидат.
Да потсетиме дека пред минатите локални избори СДСМ и ВМРО ДПМНЕ заедно настапија на локалните избори со заеднички кандидат за градоначалник Др Владо Кочоски но и тоа не беше доволно за победа.

струга48

Leave a comment