Политичките партии ќе тактизираат со објавување на кандидати и листи до 1 септември!?

Иако на скоро сите политички партии листите на кандидати за советници а и кандидатите за градоначалници им се веќе потврдени од раководствата, сепак партиите ќе тактизираат до 1ви септември , ден по крајниот рок за собирање на потписи од независни кандидати. На таков потег партиите се одлучиле поради големите притисоци и недоразбирања од страна на нивното членство по однос на предлог кандидатите и нивниот редослед на самата листа. Со тоа партиите ќе спречат поголем број на независни листи а оние кои се незадоволни ќе ја изгубат шансата за собирање потписи.

По однос на кандидатите за градоначалник, ограноците на политичките партии од Струга веќе ги донесле своите одлуки но тактизираат со објавување до последниот момент.
До сега потврдено е дека актуелниот градоначалник Рамиз Мерко повторно преку својата партија ДУИ ќе ја бара довербата од граѓаните на општина Струга. Самир Муртезоски со поддршка од ДПА официјално ќе биде дел од трката за градоначалничкото столче. Свои кандидати најавуваат и СДСМ, БЕСА, ВМРО ДПМНЕ и Алијанса.
Познато е дека ВМРО ДПМНЕ доколку се впушти во трката за градоначалничкото столче, тоа ќе го направи со познат локален бизнисмен од металуршката индустрија, кој вработува стотици вработени па од тука ќе црпи гласачко тело.
Од СДСМ доколку се впуиштат во трката за градоначалник ќе настапат со познат локален функционер кој доаѓа од угледна фамилија и во градот е многу почитуван.
Алијанса сеуште тактизираат и неодлучни се помеѓу моќен бизнисмен и лидерот на Алијанса а БЕСА ќе настапи со лице кое доаѓа од редовите на македоските муслимани.

Leave a comment