Стружани почнаа масовно да се организираат преку социјалните мрежи!!

Стружани соочени со проблемот со водоснабдувањето почнаа масовно да се организираат преку социјалните мрежи и најавуваат радикални мреки против надлежните.
Деновиве се прели чашата откако увидоа дека повторно се излажани дека ќе добијат вода штом има врнежи од дожд!
Шпекулациите кои кружат по населението е дека вода нема бидеќи поголем дел од водата се пренасочува кон околните села кои во периодов се преполнети со повратници од странство кои дошле тука за да ги поминат новогодишните празници во својот крај. Револтот кај стружани е поголем бидеќи токму тие повратници се најголемите неплаќачи на тековните сметки а секогаш им се удоволува бидеќи се нечии спонзори!
За потсетување. Стружани мака мачат со водоснабдувањето години наназад но последните два месеци навистина ситуацијата е хаотична. На се што е над втори спрат во станбеите домувања речиси нема вода а и да ја има е со многу слаб притисок. Стружани неодамна излегоа на протест а потоа дел од иницијаторите за итно решение на праблемот беше и на средба со директорот на водоводното претпријатие во Струга и добија ветување дека водоснабдувањето ќе се подобрува како што ќе се наголемуваат врнежите од снег и дожд. За воља на вистината деновиве во краевите од каде се зема водата за струшкиот водовод имаше значителни врнежи од дожд но одговорните од водоводното претпријатие веројатно направиле превид со повратниците од странство кои значително ја оптеретиле мрежата.
За итно решение на проблемот со водоснабдување во Струга според шпекулации од населението се потребни околу 130.000 евра за изградба на базени покрај охридското езеро и за обезбедување на соодветни пумпи , филтри и дозер за хлор по што водата од Охридското Езеро би била прочистена и соодветна за пиење.
тоа би било времено решение а подоцна би се работело на изградба на уште една таква станица кај населено место “Елен Камен„ каде исто така би се земала вода од зерото.
Стружани гневни шпекулираат дека доколку итно не се пристапи кон решавање на проблемот со водоснабдувањето во градот се спремни да направат големи опструкции со диверзии врз пумпните станици во Шум, со тоа би го спречиле водоснабдувањето на цел град и околните села а потоа властите би биле приморани да пристапат кон итно решавање на проблемот. Штом не ни допуштаат да имаме ние вода нека нема никој, велат стружани во моменти на гнеев и очај.

Leave a comment