СДСМ Струга ја состави листата за советници! Внуката од уништувачот и присвојувач на струшкото пливалиште која живее во Охрид е носител!

Ирина Мирческа ќе ја предводи листата на советници од СДСМ Струга, втор ќе биде Никола Климоски а третото место е резервирано за Коалициониот партнер ПЕИ. Четвртото место е резервирано за вечниот Ацо Ѓуроски а петта ќе биде Каролина Турикашовска Велјаноска. Шесто место повторно добива Коалициониот партнер ПЕИ. Сдми ќе биде Арѓен Талка а на осмо место ќе биде Никола Гарданоски.

Скандалозно е што носителот на листата живее во Охрид и е внука од човекот кој минатото лето го разруши струшкото пливалиште без соодветна документација и за тоа сеуште нема одговарано.

Довчерашните шпекулации дека во СДСМ може да владеат само деца од екс челници на партијата и дека во СДСМ секој благодет се добова исклучиво по семејна лоза станаа реалност!

Револтот е се поголем а партиските активисти се помалку. И оние најтврдокорните веќе ја изгубија и онаа ронка надеж што им беше останала.

Сепак да причекаме до официјалното објавување на листата. По бурните реакции од членството можни се промени!

Leave a comment