Голем раскол во ЛЕВИЦА!?

Струга48 дознава дека денска во највисокиот партиски врв на Левица имало жолчна расправија која резултирала со нов раскол.
Ионака веќе поделената Левица се соочила со нов раскол поради формирање на листите за советници во Струга.


Анонимен извор од Левица тврди дека до расправиите дошло кога Димитар Апасиев наводно укажал дека на листата од Левица носител ќе биде советник од актуелниот состав на собранието од општина Струга кој не е член на Левица. На тоа бурно реагирале членовите од Левица кои се надеваа на барем еден советнички мандат а со тоа што носител би било друго лице тие не би добиле ништо. Единствено Јована Мојсоска го поддржала предлогот на Аоасиев но струшките претставници реагирале на тоа дека Јована ионака има други амбиции, по очекуваниот исход од борбата за градоначалничкото столче во Струга во која се впушта само за Левица да си го измери рејтингот со останатите партии се очекува Јована да биде наградена повторно со тоа што ќе биде поставена за носител на листата од Левица во изборната единица 5.
Jована Мојсоска е родена 1992 година во Струга, Осовач е на здружението за заштита на животни Animal World Struga. Своето образование го продолжила на ветеринарниот факултет каде не се снаоѓа добро по што следи активизмот во Шарена Револуција. Откако се активира во шарената револуција го запознава Димитар Апасиев и е еден од неговите најблиски соработници. Како поизразен активизам на Мојсоска е оној кога буквално ја руинираше куќата на Христо Узунов во Охрид за што имаше и соодветен поднесок од надлежен орган но по промена на власта случајот заврши во полза на Мојсоска. Меѓувреме Мојсоска од ветерина се префрла на факултетот за безбедност и финансиска контрола каде за разлика од ветеринарниот , овој факултет според нејзиното сиви на страницата од левица го завршила во рекордно време.

Leave a comment