Среќна нова

Помалку или повеќе што да се напише за изминатата година а да не се расипе расположението за дочек на новата која сите кој потајно а кој јавно се надеваме дека ќе ги ибрише сите лоши,кобни и сурови нешта што се случуваат во континуитет веќе неколку години. Жалта и тагата е поголема бидејќи и за претходните дочеци го поскувавме истоо а добиваме се полошо и полошо.

И не. Да не сум разбран погрешно. Не се жалам од приватниот живот или статус ако сакате да го наречеме, ами си ја искажувам мојата мисла за ситуацијата во која се наоѓаме за за која ситуација нити оние од “недојдија” не ни се восхитуваат туку не сожалуваат.

Оваа година ќе биде запаметена по двете убиства што се случија а кои беа кое од кое по монструозно и благодарение на тие убиства ќе се подзаборават “силувањата” што секојдневни ни ги правеше власта и тоа колективно! Силувања преку милион ускратени и недопуштени граѓански права, силувања преку инфлации и кражби на буџетот, силувања поради падот на стандардот и силувања поради поништувањето како народ и држава!

Жална е оваа година која треба да ја попратиме а се надеваме дека нема да е по жална онаа која ќе ја дочекаме за нешто помлку од два и пол часа.

Да не должам многу, да завршам за годинава.

За новата година посакувам да се избираат кадри а не националности!

Посакувам единство а не лажен соживот на сметка од богатење на поединци и посакувам стоп за падот во бездната и постепено искачување нагоре!

Среќна нова година!

Leave a comment