Невнимание или намерно подметнат пожар?

Пожар се случи утрово во Струга во близина на канцелариите на УЈП. Пожарот зафати неколку објкети и причини поголема материјална штета. Екипите на Противпожарната единица успешно го изгасија пожарот. Засега не се познати причините за настанување на пожарот но шпекулациите говорат дека од неодамна сопствениците се стекнале со документи за легализација на бесправно изградени објекти кои всушност се урбана опрема и кои по ниту еден основ неможеле да се легализираат со истиот закон.

шпекулациите во струшката чаршија говорат дека пожарот е подметнат со цел на истото место да се изградат објекти од цврста градба.

истрагата од мвр е во тек па останува да видиме што ќе говорат официјалните извештаи.

Leave a comment