Срамни вандалски постапки во туристичка Струга!

Летната сезона во Струга е во полн ек. Угостителските капацитети се солидно исполнети, плажите и кафулињата кои се наоѓаат околу нив работат со полна пареа.

За жал, деновиве сме сведоци на неколку многу непријатни глетки кои ја уништуваат целата убава слика на градот. Имено, станува збор за уништување на хортикултурното уредување на парковите и тревниците низ градот, кршење на канти за отпадоци, фрлање ѓубре на несоодвени места како и паркирање на автомобили на несоодветни места поточно врз тревни површини. За овие случувања во два наврати досега на социјалната мрежа Фејсбук се огласи и Јавното комунално претпријатие во Струга кое ги одржува парковите и се грижи за градската хигиена и ги осуди овие постапки. Тие апелираа до граѓаните да се однесуваат посовесно кон јавните површни бидејки, како што велат, џабе некој уредува и се грижи кога друг постојано уништува.

Останува да видиме колку тоа ќе допре до совеста на граѓаните и туристите до крајот на летната сезона и во каква состојба ќе ни остане градот по истата.

Leave a comment