Стружани имаат право да се запознаени со вистината по однос на превирањата со кајакарските кану клубови !

Деновиве се актуелизира еден проблем кој подолго се провлекува а е поврзан со кајакарскиот кану клуб од Струга.
Имено , поради новонастанатата ситуација се потрудивме да извлечеме што повеќе информации по однос на тоа прашање и бидеќи сите медиумски гласини ја покриваат само едната страна, ние решивме објективно да пристапиме на објаснување на реалната ситуација, без притоа да посочуваме виновници или да завземаме страна, односно да даваме поддршка на било кој.
Од Февруар 2015година до јануар 2018год со клубот претседателствувал Игор Малески кој е сменет на вонредно собрание. Тужел да ја оспори промената на претседател но спорот го изгубил. Потоа бидеќи одбивал претседателствувањето да го предаде на новоизбраниот претседател Илија Николиќ, Малески е тужен за предавање на владени на клубот , спорот го игубил по што повторно одбива да го предаде претседателствувањето на новоизбраниот претседател Николиќ. Со извршно решение, извршител пристапил кон извршување, односно влегување во просториите на клубот и направил записник за затекнатата ситуација, просториите на клубот наводно биле испразнети а опремата од кајаци,весла и други неопходни реквизити ја немало а има информации дека опремата ја присвоил стариот претседател кој има формирано здружение на граѓани кое го носи старото име на кајакарскиот кану клуб “Дрим„ Струга. За појаснување , старото име на клубот било Кајак Кану Клуб “Црн Дрим„ Струга а во 1996година е преименуван во Кајак Кану Клуб “Дрим„ Струга. Новоформираното здружение на граѓани Кајакарски клуб “Црн Дрим“ Струга, нема никакви заеднички врски со Кајак Кану клубот “Дрим„ Струга.
Здружението на граѓани Кајакарски клуб “Црн Дрим„ Струга не е регистирано со спортска дејност и не е член на Кајакарската Федерација на Македонија.
Денеска од официјалниот Кајакарски Кајак Кану Клуб “Дрим„ Струга известуваат дека немаат никакви врски со вчерашниот настан, односно со отстранувањето на приколката, контењерот од здружението на граѓани кој бил поставен, прилепен до просториите на Кајакарскиот Кану Клуб “Дрим„ Струга. Дополнуваат дека Просториите на клубот се неоштетени и дека денеска клубот ги реализирал сите дневно планирани активности со несмален интензитет.
Извори од клубот за Струга48 информираат дека легитимниот Кајак Кану Клуб “Дрим„ Струга е приморан рестриктивно да работи а спортистите кои тренираат да одат во смени бидеќи цела опрема им е одземена од страна на стариот претседател кој владее со истата. Тие тренираат со онаа опрема која во меѓувреме успеале да ја набават но тоа е премалку за капацитетите на спортистите кои членуваат во клубот.
Од таму апелираат за што по скоро институционално решавање на долгогодишниот спор кој се води помеѓу спортистите кајакари од Струга и здружението на граѓани !

https://www.facebook.com/kajakklubdrim/posts/137150564599458

Leave a comment