Кајак кану клуб “Дрим„ Струга се оградува од вчерашниот инцидент!

По вчерашниот инцидент во врска со конфискација на дивопоставен камионски контењер прилагоден како импровизиран хангар за чување на опрема од кајакарски клуб се произнесоа од кајак кану клубот “Дрим„ од Струга чии простории се наоѓаат на местото од каде беше подигнат контењерот .
Од Кајак Кану Клуб “Дрим„ Струга се оградуваат од било каква вмешаност во инцидентот.
-Почитувани стружани.
Ја користиме оваа прилика да ве известиме дека кајакарскиот клуб “Дрим„ кој што датира од 1948год. нема врска со денешниот настан и дека просториите кои што ги поседуваме не се оштетенинити предмет на извршување.

Се работи за новоформиран клуб со нашето старо име и се оградуваме од сите активности на било кој поединец. Стои во писменото соопштение на нивната официјална фб фан страна.
Од клубот појаснуваат дека друг новоформиран клуб имал поставено контењер залепен до нивните простории.

Leave a comment