Ќуп со злато пронајден во ѕид од стара куќа во Струга!?

ќуп со злато2

Полн Ќуп со златни монети наводно бил пронајден во стара струшка куќа при нејзино рушење.
Очевидци тврдат дека при одвивање на работни задачи дошло до прекин на работата и турканица помеѓу една особа која собирала железо и багеристот кој ја рушел куќата.

Набргу им се придружил и газдата кој задоволен од навремената реакција од багеристот кој всушност го спречил собирачот на старо железо да приграби од пронајдените монети срдечно го гушкал и го наградил со небројани пари ,( според очевидците во висина не помала од 30-тина илјади денари).
Работните задачи набргу прекинале и се одложиле за утре иако останале само уште 2-3 часа работа а имало доволно време да се заврши истата денеска.

 

kukja zlato3Според очевидци газдата на куќата која се рушела е нов сопственик на истата кој неодамна ја купил за 20тина илјади евра.
Ќупот не бил којзнае колку голем а тежината сосе монетите заедно била околу 11.5кг.

По слободна проценка , чисто злато би имало околу 8кг а според светската берза , цената на златото достигнува 1540,2 долари за унца поделено со 31,1034768 грам е еднакво на 49,52долари по грам или 49518,58 по килограм злато. Доколку вкупната тежина на евентуално пронајдените монети била 8кг , значи дека сопственикот се офајдил со околу 396 150 долари а пресметано во евра тоа би било 358 960 евра.

Стружани калкулираат колку заработил купецот на куќата и откако ќе ги одземат помалку од 30 000 евра кои биле платени на сопственичката од 358 961 евра кои би биле добиени по продажбата на монетите, очигледно е дека сопственикот е во чиста добивка од околу   328 960 евра.

 

kukja zlato

Leave a comment